Роберто Гарсија Парондо, тренерот кој го предводеше Вардар до втората титулата во Лигата на шампиони, и му беше помошник на Раул Гонзалез во нашиот национален тим, ќе биде втор противник на Македонија на Мундијалот. Египет, домаќинот на ова големо натпреварување исто како и Шведска и Чиле, изминатиот период се подготвуваше за дуел против Чешка, но по доаѓањето на Македонија тоа се промени.
Парондо е среќен за Македонија, но истовремено призна дека му е жал за Чешка.
„Честитки на Македонија за доаѓањето во Египет, имам убави спомени од Скопје. Но истовремено ми е жал за Чешка. Оваа ситуација не е чесна за ниту еден тренер, со месеци се подготвувавме за нив, сега ни останува кратко време за подготвока за поинаков противник“, рече Парондо.
На отварањето на СП во Каиро, Египет го одигра првиот меч, очекувано ја совлада селекцијата на Чешка, мечот со Македонија е закажан за 16. јануари.