Кина пријави прв смртен случај од коронавирус во последните 8 месеци

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кина пријави прв смртен случај од коронавирус во последните 8 месеци

Кина го пријави првиот смртен случај од коронавирус во последните осум месеци, пред доаѓањето на експертски тим од СЗО, пренесува АФП.

Повеќе од 20 милиони луѓе се затворени на северот на земјата, а една провинција прогласи вонредна состојба бидејќи дневниот број на случаи со Ковид-19 се искачува по неколкумесечно пријавување на само неколку дневни случаи.

Се толкува дека Кина во голема мера ја стави под контрола епидемијата на коронавирус преку низа строги блокади и масовно тестирање. Но, Националната здравствена комисија пријави уште 138 инфекции – највисок еднодневен резултат од март минатата година.

Здравствените власти не дадоа детали за најновата смрт, освен дека се случила во провинцијата Хебеи, каде што владата стави неколку градови под блокада.

Првата смрт од коронавирус во последните осум месеци се случува во моментот кога Кина се подготвува за доаѓање на стручен тим научници од Светската здравствена организација, кој ќе започне политички чувствителна истрага за потеклото на пандемијата на Ковид-19.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата