(ВИДЕО) Оваа маска уништува 95% од вирусот и се смета за НАЈПАМЕТНА ВО СВЕТОТ

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Оваа маска уништува 95% од вирусот и се смета за НАЈПАМЕТНА ВО СВЕТОТ

Ова е „најпаметната маска на светот“, барем така тврди добро познатиот производител на компјутерски периферни уреди наменети за гејмерите Razer.

Маската за повеќекратна употреба, наречена „Project Hazel“ е изработена од рециклирана пластика и опремена е со N95 филтер (затоа е класифицирана како хируршки респиратор).

Покрај тоа што ефикасно прочистува 95 проценти од честичките кои се пренесуваат во воздухот, вклучувајќи го и вирусот корона, маската исто така „ја поттикнува социјалната интеракција“, бидејќи е проѕирна од предната страна, така што соговорниците можат да видат што им зборува соговорникот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата