Хрватска репрезентација утре го игра првиот меч на Светското првенство за противник ја има селекцијата на Јапонија. Денешната прес-конференција на интересен начин ја почна селекторот, Лино Червар, вели дека се чувствуваат како да одат во војна, со специјалци и оклопни возила одат на тренинг.

„Што да ви кажам за организацијата…Кога одиме на тренинг гледа шест оклопни возила, како да одиме во војна. Многу е сложено. Никогаш не сум бил на вакво големо натпреварување на кое мораш да се снаоѓаш, Не е лесно, имаш чувство дека може да се случи нешто. Тешко е, но не радувам што момците веќе се прилагодуваат. Едвај чекам да почнат натпреварите, се надевам дека со спортискиот дел ќе го разбиеме сето ова и ќе бидеме послободни“, изјави Червар.