(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

14.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Протести во Брисел – запалена полициска станица, нападнато возилото на кралот

Во Брисел за време на протестите поради смртта на младо момче од африканско потекло, кој починал во притвор, избија немири помеѓу демонстрантите и полицијата. Запалена е полициска станица, а уапсени се над 70 демонстранти.

По мирните протести, синоќа дошло до нереди во Брисел, кога група демонстранти со различни предмети и петарди ја нападнале полицијата, која пак употребила водени топови за да ги растера.

Видеа од немирите се објавени на социјалните мрежи, а на едно од нив се гледа дека демонстрантите со камења удриле и во возилото на белгискиот крал Филип, но засега не е познато дали тој бил во возилото.

Протестот се случи откако едно момче по име Ибрахим почина во полициски притвор. Тој наводно се обидел да избега додека полицијата легитимирала група луѓе затоа што не се придржувале до мерките воведени поради епидемијата на коронавирусот. Како што објави АФП, повикувајќи се на обвинителството во Брисел, покрената е истрага за околностите на смртта на младиот човек.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата