ИХФ непоресдно пред стартот на Светското првенство во Египет ја промени одлуката околу за публика. По бројните протести од страна на капитените на европските земји учеснички беше одлучено овој ракометен спектакл да се игра пред празни трибини.

Но, сликата која доаѓа од таму, а ја објави дански Ekstra-Bladet е поинаква. Според него во салата на дуелот меѓу Египет и Чиле имало околу 1.000 луѓе на трибините. Првиот човек на ИХФ, Хасан Мустафа поканил стотина пријатели во ВИП-делот, што пак е оправдано, но истото не може да се каже за останатите 900 фанови. 

Данците ваквото однесување го нарекоа скандалозно, а не е прва критика испратена на сметка на домаќинот. Сандер Сагосен вчера изјави дека не се почитуваат протоколите, ракометарите се затворени во хотелите во кои шетаат луѓе без маски.

ФОТО: ТВ 10