Барселона со многу мака, дури по изведувањето на пеналите се пласираше во финалето на Супер-Купот на Шпанија, откако ја совлада екипата на Реал Сосиедад.

Во регуларниот дел беше 1:1. Барселона поведе преку Де Јонг, а Ојарзабал израмни.

Во пеналите, Тер Штеген одбрани два удари од белата точка на Џон и Ојарзабал, а Жозе го промаши целиот гол. Кај Барселона утнаа Де Јонг и Гризман, но решавачкиот пенал во гол го претвори Пуиг за конечен триумф.

Утре за битка во финалето ќе се борат Реал Мадрид и Атлетик Билбао. Ако победи Реал, ќе гледаме „Ел Класико“ во битка за пехарот.