Да беше ова дуел на ракометните тимови на Кил и на Баерн, и немаше да биде чудно Кил да победи, но кога е во прашање фудбалот, и тоа како е невобичаено. Ете, и тоа се случи, па така големиот Баерн Минхен, падна на „колена“ пред второлигашот, кој оди во следната фаза.
Баерн имаше два пати водство, но Кил се спаси во 95. минута, дојде до 2:2, за потоа преку пенали да го совлада 6:5 и да оди во следната фаза. „Баварците“ играа со речиси целиот состав, со Нојер на голот, со Гнабри, Сане, потоа влезе и Левандовски, но попусто.
Марк Рока утна пенал во шестата серија, додека Кил погоди шест пати за огромна победа и огромна сензација.