Јувентус на крајот за малку ќе дозволеше „од готово – вересија“ во дуелот со Џенова во 1/8 финалето од Купот на Италија.

Јуве имаше 2:0 уште по првиот дел со Џенова со головите на Кулушевски и Мората. Но Џенова дојде до 2:2 со головите на Шибора и на Мелегони.

Во продолжението во 105 минута, Рафиа донесе победа на Јуве и пласман во 1/4 финалето.