Иако се очекуваше лесна победа на Тотенхем, и останување во битката за врвот на табелата, сепак, тимот на Жозе Мурињо одигра само 1:1 против Фулам, и практично направи голем кикс.

Тотенхем водеше со голот на Кејн во првиот дел, но во 74. минута Фулам преку Кавалеиро израмни и така освои голем бод. На тимот на Тотенхем во финишот му беше поништен и гол поради офсајд.