Маурисио Покетино со ПСЖ го освои првиот трофеј како тренер, откако вечерва неговиот тим триумфираше над Олимпик Марсеј со 2:1 во финалето од Супер-Купот.

Головите на Икарди и потоа на Нејмар, кој се врати од повредата, му донесоа победа на тимот од Париз. Голот за Марсеј го постигна Паје, кој успеа само да го намали резултатот.