Пукна бомбата во НБА лигата. Џејмс Харден е нов кошаркар на Бруклин, јавија најдобро инфомираните луѓе за информации во НБА, Андреј Војнаровски и Шамс Чаранија.

Војнаровски јавува дека трејдот е реализиран, а во него ќе бидат вклучени три тима: Бруклин, Хјустон и Кливленд. Се само за Бруклин да отвори простор за астрономската плата од 41 милиони долари за една сезона.

Харден потоа ќе има уште две години од договорот по кој му следуваат 44,3 милиони, односно 47,6 милиони долари.