Вакцинацијата на доброволно пријавените граѓани во Србија почнува утре

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вакцинацијата на доброволно пријавените граѓани во Србија почнува утре

Вакцинацијата во Србија на првите 1.000 граѓани што се пријавија доброволно преку порталот „Е-управа“, а имаат над 75 години, ќе почне утре.

Веста ја потврди и министерката за труд, вработување, социјала и ветерани, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, која рече дека старосниот критериум одлучил кој ќе биде приоритет.

„Во прашање се луѓе постари од 75 години, кои изразија интерес за вакцината. Ќе бидат вакцинирани граѓани во цела Србија“, рече Кисиќ-Тепавчевиќ.

Таа додаде дека во наредните денови ќе се утврди динамиката на вакцинација на другите граѓани што аплицирале за вакцината преку порталот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата