Репрезентацијата на Норвешка вчера стигна во Египет на Мундијалот, но не се задоволни од она што го видоа при дочекот.

„Се ова од доаѓањето во Египет до сега е една голема спр**чина. Нема систем, нема организација која ни беше ветена. Условите катастрофални, а стануваат уште полоши. Овде луѓето без проблем се шетаат без маски, дури и јадеме со нив во иста просторија. Од се што ни беше ветено, ништо не е исполнето“, рече Сагосен и додаде:

„Моравме да поставиме наши интерни правила, но тоа ништо не гарантира, ова тука е „див запад“. Не ни останува ништо друго освен да се надеваме дека нема да се заразиме. На почетокот не мислев дека Светското првенство треба да се откаже, но сега после ова, треба да се испита таквиот став“, изјави норвешкиот играч.