Манчестер Сити во средбата од 18. коло на Премиерлигата, го совлада Брајтон на свој терен со 1:0.

Доминацијата на Сити на овој меч ја круниса Фил Фоден со гол во 44. минута.

Во продолжението од мечот Брајтон имаше неколку опасни напади, а во 90. минута Стерлинг утна пенал и не донесе поубедлива победа за Сити.

Инаку Пеп Гвардиола на овој меч играше без класичен напаѓач.