ПАЃА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА: Ренци ги повлекува министрите поради тоа како се трошат европските пари

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ПАЃА ИТАЛИЈАНСКАТА ВЛАДА: Ренци ги повлекува министрите поради тоа како се трошат европските пари

Поранешниот италијански премиер Матео Ренци вечерва објави дека ги повлекува министрите на неговата партија „Италија Вива“ од владата,  со што ја остава владејачката коалиција без мнозинство во парламентот.

Неговата одлука, објавена на прес-конференција, ја турка Италија во политички хаос, додека земјата се бори за сузбивање на пандемијата на коронавирусот, пренесува Ројтерс.

Ренци најави дека неговата партија ќе ја напушти Владата незадоволен од плановите на премиерот Џузепе Конте за тоа како се трошат милијардите евра на Европската унија какопомош во економијата.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата