Италијанскиот шампион Јувентус потпиша договор со играчот од средниот ред на Нант Абдулај Дабо кој ќе ги брани боите на торинскиот клуб како позајмен до крајот на сезоната. Сепак овој фудбалер не е ангажиран за првата екипа, туку за тимот до 23 години. Се работи за талентиран француски играч за врска кој и во минатото беше пред потпис со Јувентус (во 2017 година) но тогаш трансферот го блокираше тренерот на Нант Клаудио Раниери. Дабо тогаш потпиша профи договор со Нант.

А Јувентус има опција по истекот на позајмицата да го откупи неговиот договор.