Полицијата во Вевчани го уапси претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Влајнкиноски

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Полицијата во Вевчани го уапси претседателот на ОК ВМРО ДПМНЕ, Влајнкиноски

Со масивна полициска акција денес е спречен традиционланиот карневал во Вевчани, при што полицијата примени и мерки на апсење, односно приведување.

Меѓу приведените лица во Вевчани по денешната акција на полицијата и ЕБР е и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ-Вевчани, Ѓорги Влајнкиноски.

„Денес бев апсен. За ништо, се разбира. Нема страв, нема предавање. Има полициска бруталност, ама ќе им помине. Вевчанци, драги мои Вевчанци посебно Ви благодарам за пркосот кон полициската бруталност. Да живее Вевчани, да живе Македонија“, напиша Влајнкиноски на „Фејсбук“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата