Кожув и Пелистер одиграа одличен натпревар со бројни пресврти, кој беше решен по едно продолжение. Победник од овој дуел излезе тимот од Битола, славеше со 83-88 за седма победа во низа и зацврстување на лидерското место на табелата во Првата лига.

Избраниците на Марјан Илиевски беа одлични во првата четвртина (10-22). Гевгеличани кои натаму се без победа и по четвртиот меч во мак-елитата ја подобрија играта во следните два периоди добивајќи ги со 23-21 и 25-16. Во последните десет минути видовме мал број на поени. Калахан и Кесар во самиот финиш со четири поени се изборија за продолжение, во кое нивниот тим беше подобар.

Кесар со 24 поени и 10 скока беше прво име кај Пелистер, Вилијамс имаше 16 поени, Калахан и Стајиќ постигнаа по 12 поени, додека еден помалку имаше Трајковски. Силаџи со 27 поени и 9 скока беше најефиласен на теренот, но тоа не беше доволноза триумф.