Мисајловски: САКААТ ДА СОЗДАДАТ НОВА ИСТОРИЈА, не смее историски факти да се менуваат по потреба на политичари

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мисајловски: САКААТ ДА СОЗДАДАТ НОВА ИСТОРИЈА, не смее историски факти да се менуваат по потреба на политичари

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, во неговото гостување во „Штто не е јасно“ на Алфа ТВ истакна дека реформите во образованието нема да го подобрат моменталното образование, ниту пак најмладите ќе учат по некој нов и софистициран систем од кој ќе научат нешто повеќе, туку единствената цел на оние кои што го менуваат образованието е да се создаде една нова слика за државата, да се создаде нова историја која што денешните млади ученици утре ќе го пренесат на нивните деца.

- Тоа е поразително и страшно. Замислете, еден дедо и татко, ќе имаат сосема поинаква перцепција за историјата на Македонија од онаа која што ќе ја има синот, односно внукот. Тоа е сосема нелогично. Не може историски факти да се менуваат по потреба на политичари и политички препирки. Во историјата јасно се знае дека она што е еднаш запишано, не се изменува, поради тоа што за истото постојат записи и докази, вели Мисајловски.

Според него доколку постојат потреби за реформи во образованието со цел да се подобри образовниот систем во државата, тогаш за истите реформи треба да разговараат луѓе од фелата, професори кои ќе се залагаат за силно образование, а не за додворување кај политичарите.

- Менувањето на историјата не е мала работа, напротив е незамислива. Случајот пробува да се задскрие, реформите сакаат да се случат тивко и без многу фама. Но, на тоа не смее да му се премолчи и да се дозволи, бидејќи тоа е сериозно извитоперување на историјата на државата, заврши Мисајловски.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата