Во Петриња почна вакцинација против коронавирус

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Петриња почна вакцинација против коронавирус

Епидемиолозите во Хрватска почнаа со вакцинација на граѓаните во областа Петриња со вакцината на „Модерна“.

Со оглед на тоа што станува збор за подрачје подложно на земјотреси и каде што има зголемен ризик од ширење на коронавирусот, било одлучено целата прва пратка на вакцината „Модерна“, од 3.600 дози, да биде испратена во Петриња.

Први вакцината ја примија осумдесетина членови на службата за итни случаи и лица над 65 години. По нив ќе се вакцинираат здравствените работници.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата