Светското првенство во алпско скијање, кое ќе се одржи во италијанскиот зимски центар Кортина Д’Ампецо следниот месец, ќе биде без гледачи и во строга согласност со протоколите за спречување на ширењето на коронавирусот. Ова е препорака на експертски совет, кој ги вклучува и државните органи во Италија.

Биолозите дадоа зелено светло за настанот, што треба да се одржи од 8 до 21 февруари. Во рок од две недели, во Кортина Д’Ампецо треба да се одржат 11 трки, за едн апомалку од откажаното финале минатата година.

Во следните денови ќе има повеќе детали за пристигнувањето на спортистите на аеродромот во Рим, а од нив ќе биде побарано да останат во Кортина барем на кратко.