НАЈМИСТЕРИОЗНАТА ПЕСНА: Никој не може да открие чија е и која е нејзината позадина (ВИДЕО)

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
НАЈМИСТЕРИОЗНАТА ПЕСНА: Никој не може да открие чија е и која е нејзината позадина (ВИДЕО)

Со децении стручњаци неуспешно се обидуваат да откријат чија е оваа песна, но се уште нема одговор. Се претпоставува дека потекнува од почетокот на 80-тите години на ХХ век некаде во Европа. Им звучи познато на многумина, но никогаш не стана хит, а сепак, за неа пишуваше и популарниот магазин „Ролинг Стоун“.

Дури и познатата апликација за препознавање музика „Shazam“ не е во можност да препознае за што станува збор. На огромната популарност на оваа мистериозна песна неодамна придонесе и познат бразилец Јутубер кој ја емитуваше песната на својот канал и ја замоли својата милионска публика да се обиде да открие што е можно повеќе за оваа мистерија. А, она што досега беше пријавено е следново: Песната е емитувана на германското радио ГДР (веројатно помеѓу 1982 и 1984 година), а некој што ја сакал ја снимил на касета заедно со разни други песни. Тогаш немаше интернет,  MP3 плеери и сл., затоа беше вообичаена постапка ако сакате подоцна да ја слушате таа песна на вашиот магнетофон. Некои мислат дека можеби е снимена во тогашна Источна Германија (ГДР), односно во специфична политичка ситуација и дека песната зборува за љубовта на двајца млади од спротивните страни на Берлинскиот ѕид. Ова не е невозможна теорија, но засега е само шпекулација и никој сè уште не знае ништо поконкретно за оваа мистерија.

Она што е факт е дека во тоа време, на радио програмите се најдона многу демо-бендови, накратко – се собрале пријатели, направиле песна и исчезнале од сцената. Значи, многу е можно ова да е песна на некој од тие (германски) демо-бендови. Па, можеби некој од авторите на песната ќе се јави и ќе ја реши целата мистерија!

Сè на сè, некој ја пронашол снимката и ја објавил на интернет. Според рефренот, песната најверојатно се вика „Like the wind“, но е попозната како „Најмистериозната песна на Интернет“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата