Го тужат Мерцедес оти ИЗГУБИЛЕ ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Го тужат Мерцедес оти ИЗГУБИЛЕ ЗАДОВОЛСТВО ВО ВОЗЕЊЕТО

За повеќето љубители на автомобили, Mercedes S-Class е еден од најдобрите автомобили во светот. За некои, сепак, тоа може да биде извор на кошмари!

Во таа мала група спаѓа пар од Ванкуве, Датонг Јанг и Гуифанг Хуо купиле нов S-класа, модел S 550, уште во 2017 година го платиле 160.000 долари.

Првите проблеми започнаа да се појавуваат пред првиот „роденден“ на нивниот Мерцедес. По околу 6.500 километри, воланот започнал да се заглавува за време на возењето.

Тоа почнало да ги пплаши, па го однеле на сервис. Во сервисот на Мерцедес во Ричмонд, мајсторите го провериле управувачкиот систем и заклучиле дека сè е во ред, пишува Ванкувер Сан.

Сепак, бидејќи S-Class, моделите произведени помеѓу 2015 и 2019 година, беа повлечени во САД поради проблеми со серво управувачот, сопственикот сепак се сомневл дека има дефект. Имено, утврдено е дека транзисторот во контролниот механизам може да се прегрее, што резултирало со исклучување на серво уредот.

Сепак во застапништвото во Ричмонд, наводно, на парот им било речено да продолжат да го возат автомобилот или да го продадат. Тие ја избрале третата опција и трајно го паркирале автомобилот во април 2018 година.

Јанг вели дека тој и неговата сопруга се плашат да го возат, но дека не сакаат да го продадат и со тоа да го пренесат проблемот на новиот сопственик.

Одлучиле да го известат германското седиште на Мерцедес, од каде се изјасниле за нивниот проблем дека автомобилот мора да биде поправен во рамки на споменатото повлекување.

На почетокот на 2019 година, парот покренал туќба против претставништовото на Мерцедес во Канада - „за неспецифичен дефект и губење на задоволство од возењето“. Мерцедес-Бенц Канада, наводно, постојано ја одложува судската постапка, вели Јунг, нагласувајќи дека со оваа тужба се бори за безбедноста на своето семејство, но и на другите сопственици.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата