20-годишната британска тенисерка Франческа Џонс се избори за место на главниот турнир на првиот Грен Слем за оваа година – Австралија Опен. Џоонс е родена со ретко генетско нарушување наречено ектродактилија, што резултира во раѓање со осум прсти на рацете и нозете.

Лекарите ја уверувале младата тенисерка дека нема да успее да стане професионална тенисерка, но таа го докажа спротивното. Франческа е рангирана на 241 место на ВТА ранг-листата. Од деветгодишна возраст тренира на академија во Барселона, каде тренирале и Британецот Енди Мареј и Шпанецот Рафаел Надал.