Заборавете на Г-точката: Мажи, на ова место треба да посветите најмногу внимание!

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Заборавете на Г-точката: Мажи, на ова место треба да посветите најмногу внимание!

Бидејќи мажите многу полесно доживуваат задоволство за време на класичниот секс, прашањето за женскиот оргазам и како да се постигне тоа стана поважно.

Дебатата за познатата Г-точка продолжи со години и некои тврдат дека тоа е единствениот сигурен начин да се дојде до оргазам, додека други веруваат дека целата оваа приказна е само измислица.

Факт е дека на жените во повеќето случаи им е потребна дополнителна стимулација, бидејќи помалку од 20 проценти од нив можат да доживеат оргазам само врз основа на пенетративен секс.


Секој знае дека клучот е клиторисот, но колку мажи навистина знаат точно каде се наоѓа таа магична точка, што ја отвора вратата за женското задоволство.

Во клиторисот има повеќе од 8.000 нервни завршетоци, поради што е толку чувствителен. Сепак, не секоја точка на клиторисот е подеднакво чувствителна.

Експертите велат дека многуд повеќе нерви се наоѓаат на левата страна на клиторисот, дури и во горниот квадрант, а тоа е волшебното место кое дефинитивно треба да го пронајдете.

Оваа точка е од централно значење за оргазмичката медитација, а нежната стимулација со кружни движења се препорачува да трае 15 минути.

На овој начин, како што тврдат поборниците на оваа медитација, оргазмот ќе биде многу посилен.

Никогаш не е доцна да научите нешто ново, така што ова е исто така одлична можност за мажите да ја усовршат техниката за стимулација на клиторисот.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата