Во Србија 2.267 новозаразени со коронавирус, 25 починати

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Во Србија 2.267 новозаразени со коронавирус, 25 починати

Во последните 24 часа во Србија биле тестирани 12.889 лица на Ковид-19, од кои 2.267 биле позитивни, додека починале 25 лица.

Според последните податоци на Министерството за здравство и Институтот „Батут“, 189 пациенти се приклучени на респиратори во болници низ цела Србија.

Досегашните корона-рекорди се: најмногу позитивни за еден ден – 7.999, најмногу луѓе на апарати за дишење – 353, најмногу тестирани – 22 837 и најмногу починати – 69.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата