Скопските советници се ПЛАЌАНИ 100 ЕВРА ЗА СААТ РАБОТА!

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Скопските советници се ПЛАЌАНИ 100 ЕВРА ЗА СААТ РАБОТА!

* Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината.
* Услов за да се исплати „паушалот“ е во месецот да биде одржана барем една
седница.
* Највисок месечен надомест добиваат советниците на Град Скопје, но тие
одржуваат и најмногу седници.
* Од другите општини, највисоко се платени советниците во Кичево, а најниско во
Вевчани.

Годишните трошоци за исплата на надоместоците на советниците на единиците на локалната
самоуправа во земјава изнесуваат над 215 милиони денари, односно над 3,5 милиони евра. Ова го покажува анализата на податоците за 2019 година, добиени од општините и Градот
Скопје, за висината на месечните надоместоци на советниците и бројот на одржани седници.

Ова истражување и базата на податоци се подготвени од Центарот за граѓански комуникации во рамки на Проектот за граѓанско учество со поддршка преку Агенцијата на САД за меѓународен развој (УСАИД).

Вкупниот број на советници, во сите 80 општини и Градот Скопје, е 1.319. Најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра има Градот Скопје. Следува Куманово со околу 115 илјади евра, а на следните три позиции се Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра.

На дното се општините Новаци и Конче со по 16 илјади евра, Зрновци со околу 14 илјади евра и Вевчани со нецели 9 илјади евра годишни трошоци за советниците.

Анализата покажува дека само 12 општини не го исплатуваат максималниот месечен надомест
што им го дозволува законот, а некои општини дури исплатуваат и поголем надомест од
законскиот максимум
(определен во член 29-б од Законот за плати и други надоместоци на
пратеници во Собранието на РМ).

Оттука, месечниот надомест за советниците на Град Скопје во 2019 година изнесува 24.276
денари, а на претседателот на Советот 31.559 денари. паушали повисоки од законскиот максимум има кај 15 општини.

За да се исплати месечниот паушал на советниците мора во месецот да биде одржана барем една седница на советот. Градот Скопје имал одржани 27 седници годишно, Сарај, Студеничани и Пласница со по 9 седници и Центар Жупа со само 6 седници во текот на годината, а се исплаќаат паушали како да се одржале најмалку 12 седници во годината.

Накусо, советник на градот Скопје за 2,5 седници во месецот добивал просечна македонска плата. Сарај, Студеничани... со една седница на два месеци - плаќале просечна плата секој месец за советниците. Ако се пресмета во работни часови скопските советници се плаќани по 100 евра за саат! 

Градот Скопје не штедел на паушали и плаќал далеку повеќе за советниците отколку било која општина, а од скопските општини најмногу плаќале Чаир и Аеродром. По општини, највисок месечен паушал имале советниците на Општина Кичево каде им е плаќано по 19.610 денари.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата