Познатиот актер ИСФРЛЕН од продавница - НЕ НОСЕЛ МАСКА!

13.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Познатиот актер ИСФРЛЕН од продавница - НЕ НОСЕЛ МАСКА!

Холивудскиот актер Брус Вилис влегол во една продавница без заштитна маска заради што вработените веднаш му рекле да го напушти објектот.

Имено, како што се наведува, присутните во продавницата биле лути што не носел маска, иако околу вратот имал марама која можел само да ја стави преку устата место маска. Вилис на крајот морал да си замине без да купи нешто. 

Ваквата реакција на луѓето од продавницата е потполно оправдана затоа што Лос Анџелес е епицентар на корона вирусот во Калифорнија и досега во овој град се забележани повеќе од 10 000 смртни случаи поврзани со короната. Актерот поголемиот дел од времето за време на пандемијата го помина со поранешната сопруга Деми Мур и нивните деца. А заедно со нив некое време беше и неговата сегашна сопруга Ема Хеминг и нивните ќерки. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата