Павле Вуисиќ се срамел од средбата со Тито, а ВО КАФАНА БАРАЛ ДА ЈА ПОКРИЈАТ НЕГОВАТА СЛИКА

12.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Павле Вуисиќ се срамел од средбата со Тито, а ВО КАФАНА БАРАЛ ДА ЈА ПОКРИЈАТ НЕГОВАТА СЛИКА

Каква е иронијата што еден од најголемите југословенски актери, Павле Вуисиќ, не ги сакал комунистите, а тие него го обожавале.

Во таа приказна останата е анегдота за односот меѓу Паја и комунистите кога го киднапирале од неговиот познат сплав на Ада и го однесле на прием кај Тито, сето тоа по повод снимањето на филмот „Неретва“.

Анегдодата ја раскажа неговата сопруга Мирјана Вуисиќ за Недељник.

„Повеќето приказни за Павле ги научив по неговата смрт. Не сакаше да зборува. Кога умре, ги собрав неговите пријатели да кажат сè што знаеја. Така дознав за тоа кога го зеле од Ада. Го однесле на Дедиње и сакале убаво да го облечат. Тој протестирал и рекол дека нема. „Ако ме зедовте ваков, водете ме ваков“

Тито слушнал како некој се кара и го однел со себе и потоа се извиниле. Еден пријател кога претходно видел како го водат и Павле му рекол:

„Слушај, ако некому кажеш, не постоиш за мене. Тој се срамеше што отиде во куќата на Тито“, вели Мирјана Вујисиќ и се присетува на друга анегдота за односот помеѓу Павле Вуисиќ и Тито.

Овој пат, Тито на ѕидот.

Имено, Павле влегол во кафана на Ада и кога го прашале што сака, тој рекол: „Ќебе“. Кога го прашале зошто му е ќебе рекол да ја покрие сликатта на Тито, оти не можел д аја гледа.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата