ЦЕЦА КОНЕЧНО ПРИЗНА: Имав некои љубовни врски по смртта на Аркан…

12.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЦЕЦА КОНЕЧНО ПРИЗНА: Имав некои љубовни врски по смртта на Аркан…

Светлана Цеца Ражнатовиќ ретко зборува за емоциите и своите врски, но како што вели, има и причина за тоа.

Но, при промоцијата на новиот албум на Саша Матиќ на кој имаат заедничка нумера, олк дивата конечно реши да проговори на темата љубов, а како што вели задоволна е од својот живот.

– Не сакам за нешто така интимно да се зборува и пишува. Доволно е што сум задоволна од својот живот, а тоа значи дека сум го органиизирала така како што ми годи, рече Цеца.

Иако во новиот спот за песната „Лажов ноторни” излезе пред матичар и облече венчаница, вели дека се мали шансите во реалниот живот нешто слично на тоа да и се случи.

– Се омажив со преголема љубов и од неа се родија две деца. Не велам дека, од трагичниот прекин на бракот, цело време сум сама. Имало врски и врскички со некои луѓе, но не сум размислувала за тоа некоја од нив да заврши со брак, вели пејачката.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата