ШТО ИМА ВО АКЦИСКИОТ ПЛАН: Кампуси на бугарските универзитети, измени во учебниците, проекти...

12.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ШТО ИМА ВО АКЦИСКИОТ ПЛАН: Кампуси на бугарските универзитети, измени во учебниците, проекти...

Како дел од решавање на спорот со Бугарија, беше најавен т.н. акциски план кој го доби специјалниот претставник за Бугарија, Владо Бучкковски. Според Бугарија тоа е своевиден патоказ со кој Македонија ќе го исполни договорот за добрососедство и пријателство.

Според македонските власти документотот е одговор на акцискиот план кој земјава веќе и го предложила на Бугарија.

Но што содржи тој акциски план. Софија има предлози поврзани со железници, автопати и инвестиции на бугарски компании во Северна Македонија. Планот се однесува и на отворање кампуси на бугарските универзитети во Северна Македонија, а исто така се вклучени и учебниците по историја… „Еуроактив“, повикувајќи се на дипломатски извори, јавува за вакви детали од акцискиот план за спроведување на Договорот за добрососедство, подготвен од бугарска страна.

Треба да бидат презентирани и македонските предлози по сектори, иако документот за практична примена на Договорот за добрососедството допрва треба да биде одобрен од двете земји, појаснуваат изворите на „Еуроактив“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата