Азербејџанскиот тим на Сабаил е заинтересиран во своите редови да го доведе Бојан Најденов.
Досегашниот играч на Вардар, како и повеќето фудбалери на овој клуб, е пред трансфер во друга средина, а азербејџанците во моментов се фаворити за неговиот потпис.

Во овој клуб настапува и Флоријан Кариу екс играчот на Работнички и Ренова.

Најденов во минатото настапуваше за неколку странски клубови како на пример, Смуха, Естегал, Лаци додека пак во домашниот шампионат за Хоризонт Турново, Работнички и споменавме Вардар.