Ова е мистеријата на ЗАГУБЕНИТЕ ГРАДОВИ, ИСЧЕЗНАЛЕ моќни и напредни

9.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ова е мистеријата на ЗАГУБЕНИТЕ ГРАДОВИ, ИСЧЕЗНАЛЕ моќни и напредни

Загубените градови се тајна, мистерија за која се интересира секоја генерација и истражува нови детали и докази, како за нивното постоење така и за деталите од времето пред нивното исчезнување.

Помпеја – одамна затрупан град

Во еден момент, напредната заедница на Помпеја била покриена со пепел, а целиот град останал заглавен во времето. Се работи за настан од 79. година од нашата ера, кога имало ерупција на Везув, вулкан за кој се сметало дека е одамна изгаснат. Целиот град останал во пепел. Многу од неговите жители, за среќа, успеале да избегаат пред лавата да стаса до градот, но дури 2.000 луѓе останале во своите домови. Археолозите, кои ја откриле Помпеја во 1748, беа воодушевени од зачуваноста на градот кој бил затрупан повеќе од еден милениум

Елдорадо – имагинарен град
Познатите легенди за овој град, поттикнаа многумина да ја бараат ветената земја и нејзините богатства. Елдорадо е легенда која шпанските освојувачи ја слушнале од јужноамериканските Индијанци. Како што некои извори велат, овој термин најпрво го означувал златниот човек, легендата потоа се ширела како приказна за златниот град. Градот би требало да се наоѓа некаде во северниот дел на Јужна Америка и беше кажано дека бил полн со скапоцени камења и злато. Илјадници истражувачи се обидувале да го лоцираат Елдорадо, и многу од нив загинале при трагањето. Еден од нив е Перси Харисон Фосет, британски истражувач, кој со својата експедиција исчезнал во џунглите на Амазон.

Троја – град на античките легенди
Остатоците од Троја, епскиот град опишан од страна на Хомер во Одисеја и Илијада, се пронајдени на територијата на денешната Турција. Троја се споменува во многу древни легенди. Поради тоа не е чудно што историчарите за долго време не беа сигурни дали градот навистина постоел. Сепак, археологот Хајнрих Шлиман 1870 спроведел ископувања во Турција. Откриени се многу слоеви на овој град, кои биле изградени едни врз други. Се верува дека најстарите слоеви всушност потекнуваат од времето на Хомер.

Картагина – град уништен од војни
Градот кој се наоѓал во близина на денешниот Тунис е основан од страна на Феникијците, веројатно околу 800 година пред нашата ера. Добрата локација му донела на градот големо богатство, но тоа предизвикало и 150 години војна. Во текот на Пунските војни, Картагина била целосно уништена. Населението во Картагина било поробено, целиот град не само што бил уништен, туку, исто така, преоран и посипан со морска сол, за да не успева вегетацијата.

Атлантида – потопен град
Легендарната Атлантида се состоела од напредно и богато општество, а градот, наводно, содржел многу архитектонски чуда. Иако се верува дека овој град е само фикција, постојат историчари кои сметаат дека приказната за Атлантида на Платон е точна, иако се уште не е сигурно кога и каде можела да постои.

Археолозите тврдат дека градот се наоѓал меѓу многуте грчки острови и е поплавен за време на вулканска ерупција, додека другите хипотези ги споменуваат Карибите, Јужна Америка, па дури и Антарктикот. Така, во февруари 2009 година аеронаутички инжинер тврдел дека ја пронашол Атлантида преку Гоогле Оцеан Тоол.

Сепак, фотографиите од потопениот град на северозападниот брег на Африка не обезбедуваат доволно информации за тоа што е скриено на оваа територија.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата