Може да ви се ОДЗЕМЕ ВОЗИЛОТО И ТРАЈНА ЗАБРАНА ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА, според новиот закон

9.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Може да ви се ОДЗЕМЕ ВОЗИЛОТО И ТРАЈНА ЗАБРАНА ЗА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА, според новиот закон

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените законски измени.

Парламентот пред Нова Година го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата, според кој полицијата ќе може на сред автопат или на која било друга сообраќајница, да му ги симне веднаш табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај ако се посомнева дека е технички неисправно. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена.

Овие новини уследија по масовното откривање на нерегистрирани приватни и возила на фирми и по неколку години, како и на технички неисправни возила, кои се најчестите предизвикувачи на тешки сообраќајни несреќи, поради што се познати како возила – убијци. Од сообраќај ќе бидат веднаш отстранети сосе возилата, и возачите без положен возачки испит или со истечена возачка, како и на такви кои што управуваат возила под силни дејства на антидепресиви, кои возат уморни, пијани, дрогирани.

„Полициски службеник може да исклучи возило од сообраќај и привремено да го одземе возилото до утврдување на техничка исправност, но не подолго од три работни дена. Ако биде утврдена техничка неисправност на возилото која се однесува на предизвикување на голема бучава или во случај кога сообраќајната дозвола за возилото е со изминат рок на важност од шест или повеќе месеци, возилото се одзема во времетраење од 90 дена“, стои во донесените измени.

Сите трошоци во ваквите случаи ги носи возачот, се вели во законот.

Тој носи и една друга новина, а тоа е трајно губење на возачката дозвола.

Со цел да се санкционираат возачите, кои почесто се јавуваат во улога на сторители на посериозни прекршоци во сообраќајот, кои се најчеста причина за сообраќајни незгоди со потешки последици, се предлага изрекување на санкција - престанок на важење на возачка дозвола од категоријата за која им била изречена прекршочната санкција – забрана за управување, ако во период од една година од денот на правосилноста на одлуката сториле друг сообраќаен прекршок за кој е предвидена прекршочна санкција – забрана на управување со моторно возило, изречена за истата категорија.

Со предложените измени мандатниот платен налог се заменува со прекршочниот платен налог и во таа насока се бришат дел од одредбите кои се однесуваат на регистрирањето негативни бодови.

Со измените, се зголемува старосната граница во поглед на важењето на возачката дозвола. Досега возачките важеа до 70-годишна возраст, а отсега натаму до 75 години ќе може да се вози.

Законот веќе е стапен во сила

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата