Кога неќе институција, ГРАЃАНИН ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ГРУБИ И ДУИ

6.01.2021
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Кога неќе институција, ГРАЃАНИН ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ГРУБИ И ДУИ

Кога тоа не го прават МВР, Министерството за здравство или премиерот, тогаш граѓанин поднесува кривична пријава против ДУИ.

Марјан Ненов, револтиран од односот на функционерите на ДУИ, кои славеа роденден на нивниот партиски лидер во државна институција во организација на првиот вицепремиер Артан Груби, без притоа да ја почитуваат забраната за групирања на повеќе од 4 лица, а не носеа ниту маски ниту помеѓу нив имаше соодветна дистанца, што можеше да се забележи од сликата која ја објави Министерот за надворешни работи Бујар Османи па за кратко ја повлече, до Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава со надеж дека законот ќе биде еднаков за сите.

„Денес го послушав повикот за кодошење на нашиот драг Министер и пријавив групна прослава во МВР.

Целта ми е да го проверам спроведувањето на Законот дали се врши селективно и дали државните органи ќе реагираат професионално или дискриминирачки.

Ќе споредам како обичен човек може да биде казнет за неносење на маска во своето возило, а од друга страна дали КРИВИЧНО прекршување на ЗАКОН од страна на 15 уфирцани господа ќе биде процесуирано од МВР и Јавно Обвинителство.

Доколку имате дополнителни информации за инцидентот Ве молам проследете ги до Јавно Обвинителство и МВР да ги прикачаат кон предметот 22.21.62-12 или поднесете своја независна Кривична пријава.

Од вас зависи дали ќе живеете во држава или бљувотина.

Ваш Ненов Кодош Марјан“, објави Ненов на својот фејсбук профил.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата