Академија Пандев и новиот тренер Александар Васоски очигледно уште од првиот ден на соработка се зафатија со сериозна работа. Екипата мора да се засили, и роа со квалитетни поединци за да не се случи она што се случуваше есеноска, борба за гол прволигашки живот.
Сезоната е на половина има место за поправка, но тоа ќе се случи само со адекватни засилувања. Тука е веќе Николче Шаркоски, Коста Манев е најавен, а уште еден екстра фудбалер „вади билет“ за Струмица.
Милован Петровиќ многу веројатно ќе ја засили Академија Пандев и ќе ја продолжи одличната соработка која тој и Александар Васоски ја имаа во Вардар.
Некогашниот младински но и сениорски репрезентативец на Македонија, одигра и повеќе од добра полусезона во Вардар и повеќе од потребен и е на младата и реално не искусна екипа на Академија Пандев. Преговорите се во тек, Спортмедиа дознава дека двете страни се пред договор, со што струмичани добиваат сила, капацитет и пред се квалитет во средниот ред.