Власта да овозможи избор меѓу повеќе видови вакцини, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец, порача партијата Единствена Македонија преку соопштение.
Од партијата на Јанко Бачев велат дека започнува вакцинирањето против коронавирусот во земјите членки на ЕУ како и во земји кои не се членки на ЕУ како што се Србија, Велика, Британија Швајцарија, а Македонија и во случајот со вакцините покажува дека нема институционален капацитет и се уште моли за вакцини од Бугарија и Грција.
„Вчера се појави и скандалозна информација дека власта во Скопје ја одбила руската вакцина „Спутник“ која била понудена од руска страна. Свесни сме дека власта е преплашена со било кое спомнување на Русија, но, одбивањето на „Спутник“ е недозволиво бидејќи здравјето не трпи политички каклкулации. Сега е најбитно здравјето на народот“, велат од Единствена Македонија.
Партијата ја повикува власта во Скопје да овозможи избор меѓу повеќе вакцини со увоз и на „Фајзер“, и на „Спутник“, и на кинеската вакцина, а вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.
извор: Makfax