Ердоган: Се надевам дека Франција ќе се ослободи од Макрон што е можно поскоро

4.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ердоган: Се надевам дека Франција ќе се ослободи од Макрон што е можно поскоро

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска пред новинарите во Истанбул изјави дека се надева оти Франција наскоро ќе се ослободи од претседателот Емануел Макрон, опишувајќи го како „товар за таа земја“, која минува низ тешки моменти.

Односите меѓу Турција и Франција се влошија во последните месеци, најпрво поради несогласувањата во однос на политиката кон Сирија, потоа објавувањето на карикатури од пророкот Мухамед, а и по низата злосторства што следуваа поради тоа, пренесува „Ројтерс“.

Анкара и Париз разменија обвинувања и во врска со конфликтот во Нагорно-Карабах откако Франција посочи дека Турција ги помага силите на Азербејџан.

„Макрон е товар за Франција. Се надевам дека Франција ќе се ослободи од проблемот наречен Макрон што е можно поскоро“, рече турскиот претседател.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата