Седуммина повредени во пожарот во рафинеријата за нафта во Јужноафриканската Република

4.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Седуммина повредени во пожарот во рафинеријата за нафта во Јужноафриканската Република

Компанијата „Енген“ соопшти дека  пожарот што избувна во нејзината рафинерија за сурова нафта во Дурбан во Јужноафриканската Република е изгаснат. Компанијата наведува дека се испитува причината за пожарот, пренесува „Ројтерс“.

Компанијата не спомна дали има повредени во пожарот или можно влијание врз производството, но еден претставник на локалната полиција претходно изјави дека седум лица се повредени во експлозијата во рафинеријата за нафта.

Сите седум повредени беа работници вработени во рафинеријата, рече лекарот Гарит Џејмсон.

Шест лица се лекуваат од труење со чад, а едно лице го повредило колкот обидувајќи се да избега од пожарот.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата