(ВИДЕО) Ова е место за кое велат дека не се одговара за убиство, а наречено е „зона на смртта“

4.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(ВИДЕО) Ова е место за кое велат дека не се одговара за убиство, а наречено е „зона на смртта“

Покрај тоа што поради својата зафрленост делува како идеално место за совршено злосторство, еден од најголемите национални паркови во Америка всушност и е.

Замислете толку оддалечено место, да не можете да му пријдете преку ниеден пат – нема траги од човечки живот, а секаде околу вас е дивина среде која има и супервулка.

Јелоустоун, националниот парк под заштита на Унеско, се простира на тромеѓето на сојузните држави Вајоминг, Монтана и Ајдахо, зафаќајки површина од скоро 9.000 квадратни километри.

Оваа локација, која е наречена „зона на смртта“, првпат го привлекла внимание во 2005 година, благодарение на работата на професорот Брајан Калт од Универзитетот Мичиген.

Во есејот под назив „Совршено злосторство“ Брајан истакнал дека, иако поголемиот дел од паркот го зафаќа државата Вајоминг, мал дел се протега преку Монтана и Ајдахо.

Тоа подразбира следно – кога двајца луѓе би кампувале во делот на паркот кој припаѓа на Ајдахо, доколку се скараат, па едниот го убие другиот, убиецот би имал право да му се суди пред порота.

Причината за тоа е што, според 6-месечниот амандамн, обвинетиот има право на судење од порота на државата во која се извршило злосторството, пренесува Национална географија.

Проблемот, меѓутоа, настанува поради тоа што според шестиот амандман во американскиот Устав, во поротата мора да има луѓе кои се од Ајдахо и Вајоминг, а во ајдашкиот дел нема жители.

За среќа, досега никој не тестирал дали оваа дупка во законот навистина функционира.

„Судот може нема да се сложи со мојата теорија, но во секој случај овој есеј не е напишан за да инспирира некој да оди да изврши злосторство“, напишал Брајан.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата