Курцовиот локдаун е тврд, а ќе биде и прилично долг: МАСОВНИТЕ РЕСТРИКЦИИ ЌЕ ТРААТ СО МЕСЕЦИ

4.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
 Курцовиот локдаун е тврд, а ќе биде и прилично долг: МАСОВНИТЕ РЕСТРИКЦИИ ЌЕ ТРААТ СО МЕСЕЦИ

Австрија може да очекува нови строги ограничувања откако за една недела ќе истечат моменталните мерки на затворања, рекол канцеларот Себастијан Курц за австриски Kleine Zeitung.

Националното затворање на сила е до 7 декември, но уште не е јасно што ова ќе значи за ски-индустријата, најважна во туристичкиот сектор која чини 15 % од австрискиот БДП.

Курц рекол дека Асвтријците со недели и месеци ќе мораат да живеат со ограничувања и додал дека новите мерки ќе зависат од епидемиолошката ситуација, а ќе ги претстави во среда.

„Колку е поголем бројот на заразени, толку ќе биде потешко да се преземат чекори за отворање“, рекол Курц во интервјуто и додал: „Мора да живееме со понатамошни масовни ограничувања после 7 декември. 

Владата планира внимателно да ги отвора продавниците и школите, рекол Курц и уште појаснил дека спортските и забавните содржини нема да бидат дел од првите попуштања на мерките. 

„Праѓшањето за туризмот е одвоено од ова“, додал и открил дека забавите во планинските барови и ресторани ќе биде можено за најрано една година. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата