Полицијата на Крит уапси двајца мажи поради сомнение дека во неколку наврати силувале 15-годишно девојче, ќерка на еден од осомничените. Монструозното злосторство било откриено случајно, кога службеник од полицискиот оддел за странски државјани, проверувал 33-годишен доселеник од Индија. Во неговиот дом ја пронашол девојката и забележал дека нешто не е во ред со неа, по што ги алармирал колегите.
Истрагата покажала дека мажот, инаку пријател на таткото на девојчето, ја силувал. Откриено е и дека девојчето било жртва и на таткото.
Според неофицијалните информации од грчките медиуми, таткото подолго време сексуално го злоупотребувал девојчето, а потоа му дозволил истото да го прави и пријателот. Неретко, двајцата се изживувале врз неа истовремено.