ТРАГЕДИЈА: Познатата манекенка си го заклала мажот! Дома и ја донел љубовницата и барал да им зготви вечера

3.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА: Познатата манекенка си го заклала мажот! Дома и ја донел љубовницата и барал да им зготви вечера

Руската манекенка која се прославила во светски рамки по насловната во Вог, Лила Судакова е обвинета дека си го избола мажот на смрт после љубоморна кавга. Имено, таа е обвинета дека го убила својот сопруг Сергеј Попов откако тој дома и донел непозната девојка, која ја запознал во бар и од неа побарал да им готви. Ако Лила биде осудена за убиството може да отиде во затвор на 15 години.

Мајката на Лила, Ирена Судакова рекла дека манекенката веќе некое време била жртва на семејно насилство и дека се било самоодбрана. Инаку, Лила откако го избола сопругот со кого била четири години повикала прва помош. Се почнало кога Попов дома дошол пијан со жена која ја запознал во бар и барал од Лила да им направи вечера. И додека таа сечела салата тој почнал да ја кубе и удира, по што таа посегнала по ножот.

- Лила овде е жртва на самоодбрана, рекла мајката на манекенката и додала дека нивната љубов била болна. Попов, според неа, и порано ја тепал Лила кога бил под дејство на алкохол. Рекла и дека нејзиниот зет бил паметен, сите ги шармирал со својот ум и дека бил компјутерски гениј, но дека бил алкохоличар и арогантен сноб.

 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата