Микробиологот проф. д-р Никола Пановски во гостувањето на Студио 10 на ТВ24, рече оти смета дека до средината на следната година, најверојатно народот ќе стекне природен имунитет на Ковид-19, а вакцините може да помогнат.

33.000 дози од вакцината против Ковид не се многу, ама ќе помогнат во февруари, таму каде се најпотребни. Здравствените работници ќе мора да издржат до февруари. Најверојатно вакцинирањето од грип е безпотребно годинава. Спречено е ширењето на заразата, нема одење по слави, по спортски натпревари, концерти. Сите се крстиме во тој клеточен имунитет, но не сите 60.000 имаат имунитет, но речиси половина од нив не биле болни. Не значи дека ако некој бил позитивен дека не треба да се вакцинира. За антителата не е сигурно. По мене, сите што се ризични групи треба да се вакцинираат, а оние кои имаат антитела, нема потреба да брзаат. Се надевам дека до јуни сите ќе имаме стекнат природен имунитет, а во септември мислам дека 80% ќе живееме нормално“, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски.