АНТОНИЈО СО ДИПЛОМАТСКИ ВЕСТИ ОД БРИСЕЛ: Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

2.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
АНТОНИЈО СО ДИПЛОМАТСКИ ВЕСТИ ОД БРИСЕЛ: Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка

Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала и заклучоците за Македонија, а не само предлог-преговарачката рамка. По однос на македонско-бугарскте спорни прашања неколку земји членки јавно ги искажале своите симпатии кон Македонија и оправданоста за почеток на преговорите без ставање на билатерални спорови како одредници, бидејќи земјата има добиено препорака уште од 2009-та година, објави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски повикувајќи се на дипломатски извори од Брисел.

- Сепак по однос на последицата од наметнатиот спор, а тоа е одолговлекување на процесот на проширување на ЕУ, изгледа дека Бугарија не е осамена, туку има дискретна дипломатска поддршка од уште најмалку две земји членки на ЕУ, вели Милошоски.

Тој потенцира дека  истовремено неколку ЕУ членки, меѓу кои се и Франција, Грција, Италија и Холандија се против усвојување на заклучоци и/или преговарачка рамка само за Албанија поединечно.

- Германското претседателство ја прекинало дискусијата заради немање на консензус и темата за проширувањето повторно ќе биде отворена на состанокот на COREPER на 7-ми декември, во понеделник. (дипломатски извори, Брисел), напиша Милошоски на Фејсбук

ДИПЛОМАТСКИ вести од БРИСЕЛ 📣Вечерва на амбасадорскиот ЕУ-состанок во Брисел, Бугарија ги блокирала 🔐 и заклучоците за...

Posted by Antonio Miloshoski on Wednesday, December 2, 2020

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата