Бучковски: ВЕЌЕ Е НАПРАВЕНА ОТСТАПКА ЗА ЈАЗИКОТ! Се бара фуснота за македонски јазик и каде ќе важи? (ВИДЕО)

2.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бучковски: ВЕЌЕ Е НАПРАВЕНА ОТСТАПКА ЗА ЈАЗИКОТ! Се бара фуснота за македонски јазик и каде ќе важи? (ВИДЕО)

Екс премиерот и новоименуваниот преговарач со Бугарија Владо Бучковски изнесе неколку контроверзни информации во интервјуто за емисија на 24 Вести.

Во еден дел од разговорот тој споменува дека Македонија веќе направила отстапка за јазикот, но не откри каква е таа отстапка.

Во исто време Бучковски информира за јазична формула која ќе се користи при споменување на македонскиот јазик, нешто што наликува на турската фуснота кога во НАТО се споменуваше ФИРОМ а Турција пишуваше дека ја признава земјата како Република Македонија.

Во овој контекст формулата навестува дека секогаш кога во ЕУ или билатерално ќе се спомене македонски јазик ќе постои фуснота во која Бугарија ќе потенцира дека таа го признава како јазикот согласно уставот на Република С. Македонија.

„Ова е предизвик за мене, убеден сум дека ќе успееме, блиску сме до излезни решенија. Недопустливо е ние да биде понижени, нашите црвени линии се исцртуваат, јасно е во кој правец треба да се најдат решенијата. Ми се допадна дефиницијата на Османи, мора да ја вратиме довербата во процесот, процесот е нарушен. За Македонија нема друга мисија, мора да сме трпеливи, ова мора сега да го решиме. Не гледам дека ќе има промена на политичката сцена во Бугарија. Додека разговараме тимовите работат, бараат решение.

Не следи проблемот со македонскиот јазик уште од почетокот на Договорот, јазичната формула инсистираат секогаш да се користи кога ќе се спомене македонски јазик. Веќе имаме направено отстапка. Ништо не е тајно, очигледно е дека некој се обидува да ја наелектризира состојбата во Македонија, инсистираме да се користи македонскиот јазик според Договорот вели Бучковски во околу 16 минута од интервјуто, каде на прашање на водителот вели дека нема тајни преговори кога се знае дека Бугарија бара фуснота за македонски јазик да важи во сите ЕУ документи, иако македонскиот јазик е признат во ЕУ.

Што значи терминот заедничка историја? Анализите по Договорот беа дека Бугарија доби признание дека сме имале заедничка историја, а ние добивме признавање дека сме два различни народи“ – рече професорот Владо Бучковски во Студио 10 на 24 Вести.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата