Бугарија се фатила “за гуша” со ЕУ членки, заклучоците за Македонија БЛОКИРАНИ

2.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Бугарија се фатила “за гуша” со ЕУ членки, заклучоците за Македонија БЛОКИРАНИ

Бугарија денеска со поставување на барања кои се неприфатливи за другите земји членки ги изиритирала земјите членки но успеала да ги блокирала ЕУ заклучоците за Македонија.

Според дипломатите со кои разговарала дописничката на МИА во Брисел, попладнево е донесена одлука да се повлече дискусијата за проширувањето и за преговарачката рамка за Албанија поради тоа што Бугарија побарала во крајните заклучоци за Македонија да биде внесен пасус кој го користела Грција во јули 2018 година кој гласи „ова треба да им стави крај на сите барања базирани на погрешна интерпретација на историјата“.

Освен блокадата за преговорите помеѓу ЕУ и С. Македонија, Бугарија бара уште еден пасус поврзан за историјата кој земјите членки на ЕУ не можат да го прифатат. Поради ова виси во воздух усвојувањето на заклучоците за сите земји од Западен Балкан, јави дописничката на МИА од Брисел.

Според дипломатите со кои разговараше МИА во Брисел, пред неколку часа е донесена одлука да се повлече дискусијата за проширувањето и за преговарачката рамка за Албанија поради тоа што Бугарија бара во крајните заклучоци за Македонија да биде внесен пасус од јули 2018 година кој гласи „ова треба да им стави крај на сите барања базирани на погрешна интерпретација на историјата“.

Оваа реченица стои во заклучоците на Советот на ЕУ од јули 2018 по склучувањето на Договорот со Бугарија и Преспанскиот договор, меѓутоа за голем број земји членки нема смисла оваа реченица повторно да и биде наметната на Македонија две години подоцна, објаснуваат дипломатите за МИА.

Отстапката на која е подготвена ЕУ е слична реченица поврзана за „погрешно интерепретирање на историјата“ да стои како општа опсервација за сите земји од западниот Балкан, во врска со регионалното помирување, но не и специфично во пасусот за Македонија.

Бугарија, пак, смета дека со оглед на тоа дека оваа реченица веќе била искористена во заклучоците има основа да биде повторена, пренесуваат повеќе медиуми.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата