ЕМСЦ се корегираше, ЗЕМЈОТРЕСОТ СЕПАК БИЛ ПОСИЛЕН

2.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ЕМСЦ се корегираше, ЗЕМЈОТРЕСОТ СЕПАК БИЛ ПОСИЛЕН

Земјотресот кој го потресе денеска Скопје не бил со јачина од 3.4 туку со јачина од 3.9 степени. Коригираниот податок го објави Европскиот медитерански сеизмолошки центар. Граѓаните се испаничија од потресот.

Епицентарот на потресот бил на 9 километри источно од Скопје, на длабочина од 1 километар. Веднаш по него, за неколку минути, се почувствува и втор послаб земјотрес.

Драган Черних соопшти дека овој земјотрес не придонесе за создавање на материјални штети, освен паника кај граѓаните.

Земјотресот кој што се случи во 14 часот и 9 минути го регистрираа апаратите на сеиозмолошката опсерварторија при ПФМ. Епицентарот е во скопското подрачје, а граѓаните на Скопје го почувствуваа со 4 до 5 според Европската макросеизмичка скала. Освен мала вознемиреност, не придонесе материјални штети, рече Черних.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата