Мајка го држела СИНОТ ЗАРОБЕН 30 ГОДИНИ – ПРОНАЈДЕН Е БЕЗ ЗАБИ И СО РАНИ

1.12.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мајка го држела СИНОТ ЗАРОБЕН 30 ГОДИНИ – ПРОНАЈДЕН Е БЕЗ ЗАБИ И СО РАНИ

Стокхолмската полиција денес објави дека го истражува случајот на мајка стара околу 70 години, која е осомничена дека го чувала својот син заклучен во домот  28 години.

Обвинителката Ема Олсон изјави дека е покрената истрага против жена осомничена за незаконско лишење од слобода и нанесување на тешки телесни повреди на нејзиниот 41-годишен син, кого неодамна го пронашла роднина, а потоа ја известила полицијата, пренесува АП.

Олсон додаде дека жената негирала дека направила нешто лошо, иако нејзиниот син бил пренесен во болница поради повреди.

- Не можеме да кажеме за какви повреди се работи - рече обвинителот.

Според шведските медиуми, мажот бил пронајден во неделата, кога негова роднина дошла во домот каде што пронашла „урина, нечистотија, прашина“ и сè мирисало на скапано.

Според неа, таа го пронашла човекот без заби, со рани на нозете, а говорот му бил нејасен.

Се наведува дека неговото заробеништво започнало кога имал 13 години, што било пред 28 години.

- Зборуваше брзо и некохерентно, но не се плашеше од мене - рече роднина чиј идентитет не е откриен.

Според обвинителот, истражителите ќе ги испитаат мајката, синот и сведоците.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата